„Треба и таа да има други деца додека е млада“ - Дарко Лазиќ повторно со провокации за поранешната сопруга
Дарко Лазиќ вели дека сообраќајната несреќа која ја преживеа и тешкиот животен период целосно го промениле, па сега се опушта со риболов. Тој е горд што покрај себе има „најзгодна девојка“ како што самиот ја нарекува вереницата Марина Гагиќ, мајка на неговиот син Алексеј. Од друга страна, на поранешната жена Ана Севиќ, со која ја има ќерката Лорена ѝ посакува да има уште деца.
„Чекам некоја риба да ми дојде да се опуштам. Мислам на шаран, не мислам вака. Мал ми е мамецот, па не можам лесно да уловам риба. Подобри се од овие копнените, поздрави се. Би излажал ако кажам дека рибите не ме интересираат, овие речните. Но копнение, имам најдобра риба покрај себе, така што не. Многу ме промени се што ми се случи, сега водам некој мирен живот, требаше тоа претходно да го направам, но добро, сите мораме да ги поминеме тие „луди денови“, рекол Лазиќ во интервју за српските медиуми.
„Би требало Ана да има уште деца со Данијел, тие се во убави години, треба да имаат деца, додека се млади“, рекол пејачот за поранешната сопруга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа