ВИДЕО: „Ќе платиш ли и за мене“ - Путин му купи сладолед на Ердоган

 

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган уште еднаш покажаа дека се  блиски,  при гостувањето на Ердоган на авијациската изложба во близина на Москва, кога Путин му
купи сладолед во корнет.  За време на паузата Путин го одведе Ердоган до најблискиот штанд за сладолед и порача два, за него со чоколадо, а за Ердоган со ванила. Додека вадеше нешто рубљи од џебот, Ердоган по
малку и на шега, го праша: „Ќе платиш ли и за мене?“, на што Путин одговори: „Секако дека ќе
платам. Па ти си ми гостин“. Потоа рускиот претседател се обрати кон продавачката и ѝ порача: „А кусурот дајте му го на министерот за авијациски развој“. „Благодарам на дарежливоста“, одговори министерот низ
смеа.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега