ФОТО: Се омажи славната пејачка и поранешна девојка на принцот Хари - носеше венчаница рачно правена 640 часа

 

Славната пејачка, 32-годишната Ели Гулдинг на јавноста позната и како поранешна девојка на принцот Хари, вчера се омажи за Каспар Џоплинг, трговец со умтенички дела, а за нивната свадба зборува цел свет.

Eli Gulding i Kaspar Džopling

Венчавката на британската пејачка и нејзиниот вереник не сакале да ја пропуштат ни бројните нивни пријатели па во Јорк на свадбата, меѓу другото стигнале и славниот актер Орландо Блум и неговата свршеница, пејачката Кејти Пери, принцезата Еугенија со својот сопруг, а иако се очекуваше нивното присуството, војводата и војвотката од Кмебриџ оваа свадба ја пропуштија.

Сепак, најмногу внимание и коментари предизвика невестинскиот фустан на Ели.

Фустанот носи потпис од модната куќа Клои, а како што пренесуваат странските медиуми, биле потребни 640 часа да се изработи рачно.

Дека невестата мислела на сите детали, зборува и фактот дека нејзиниот накит апсолутно се совпаѓаше со нејзиниот рок стил Три обетки во вид на бисери и впечатлив прстен одлично беа вклопени со уникатниот фустан.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.09.2019 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега