Огромна радост во домот на Сузана Спасовска

 

Македонската пејачка Сузана Спасовска откри на социјалните мрежи дека нејзината ќерка Теона ќе се мажи, и дека таа ги живее најсреќните мигови.

Таа на својот профил на Фејсбук на своите пријатели и следбеници им откри дека нејзината Теона решила да заплови во брачните води, па им посака на сите родители да си ја дочекаат истата среќа.

- Е, да! Полека,полека си се спремаме за свадба. Има уште време. Верувам дека на сите родители еден од поголемите проекти во животот им е да си ги омажат и оженат своите чеда. Им честитам на сите со најновата песна што ја отпеав на Лешочкиот Фолк Фест 2019г. „Среќно мајкина“, пишува Сузана.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 16:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега