Раните на Елена уште крварат за Влатко Илиевски: Ќе те погоди како нож во гради

 

Ќе си најдеш слика од времето сосема случајно и ќе те погоди како нож во гради кога ќе здогледаш кој е на сликата. Ова со тага го напиша македонската пејачка Елена Ристеска откако сподели стара фотографија со починатиот Влатко Илиевски.

- Толку убав, толку млад,толку талентиран и оригинален.. и си викаш, до кога ќе губиме време на социјалниве мрежи да исправаме криви Дрини, кој-што рекол и направил, кој-каков бил.. До кога? До каде?Има ли крај?Од денес нов лист на книгава наречена-живот!, напиша Ристеска.

За потсетување, македонскиот пејач на 06.07.2018 година околу 23 часот во Скопје, на улицата „3-та Мак.Бригада“, во патничко моторно возило “Тојота“ беше пронајден починат.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2019 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега