Татко се опил во воз, па ја загубил ќеркичката- ја најде 20 години подоцна
Јулија Мојсејенко од Белорусија повторно е со своите родители. Таа пред две децении, кога имала 4 години, исчезнала за време на патување со воз, објавила тамошните власти.
Патувајќи со таткото Виктор од Минск во источна Белорусија, во 1999 година, Јулија исчезнала. Според пишувањата на локалните медиуми, нејзиниот татко се опил и заспал, а кога се разбудил, неговата ќерка ја немало.
Таа под сплет на околности завршила во воз кон западниот руски град Ријазањ, сеќавајќи се само на имињата на своите родители, се наведува во соопштението на белоруското министерство за внатрешни работи.
– Проблем е што белоруската полиција ме барала само во Белорусија, додека во Русија немало информации за исчезнато девојче – рекла 24-годишната Мојсејенко, а објавила руската државна новинаска агенција РИА новости.
Мојсејенко пораснала во руска згрижувачка фамилија. Минатиот месец нејзин пријател на интернет нашол објава за исчезнато лице и се обратил на белоруските власти со цел да дознае дали станува збор за јулија.
Мојсејенко потоа се состанала со своите родители, а ДНК тестот потврдил дека се во крвно сродство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа