Српскиот пејач остави две дечиња без татко - Сопругата ја дознала веста на ужасен начин
Сопругата на српскиот рапер кој почина во вода, Далибор Андонов Гру, на ужасен начин дознала за смртта на нејзиниот сакан кој ја остави со две дечиња.
Даница добила повик од пријателка која ја прашала дали Гру починал како што пренесуваат медиуми.
Синовите на Даница и раперот, Вук и Релја, дознале за смртта на татка си во училиште, кога за време на часовите ги викнал школскиот психолог и им ја соопштил трагичната вест.
За потсетување, Гру настрада на 47. години во 15 часот и 20 минути вчера, додека се возел на вода. Силниот ветер го изненадил раперот и буквално неколку пати го кренал во воздух и го потопил во вода.
- Пет пати во 20 секунди ветрот го крена, па го давеше во вода. Не стигна да се одврзе, готов беше уште тогаш, раскажува сведокот додавајќи дека раперот бил одличен возач.
Телото на раперот беше извлечено од водата од страна на неговите пријатели. Тие со часови го чувале додека траел полицискиот увид.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа