Погребан Гру - Сопругата и мајката на српскиот рапер едвај стоеја на нозе

 

Раперот Далибор Андонов Гру е погребан денеска нешто по 15 часот. 

Вдовицата на Гру ја држеле да не падне на погребот, како и неговата мајка Верица. Со тивка и тажна музика, поворката завиена во црно го испратила во вечниот дом.

- Молчиме, нека се слуша само тишината. Нека победи темнината. Бог ги зема најубавите цвеќиња. Мој пријатели патувај таму со другите наши пријатели, ќе бидете неверојатно трио на небото со Душко и Небојша, кажа еден пријател на погребот.

Од естрадата во вечниот дом Гр го испратија Тони Цетински, Драгана Мичаловиќ, Душица Јаковљевиќ, Ајс Нигрутин, и многу други.

Тој почина во страшна несреќа на вода, додека возеше кајт на 9. септември.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега