Често и се закануваат со убиство и силување поради нејзиното хоби
Медицинската сестра од САД, Ајдахо, во слободно време се занимава со лов, а на Инстаграм ја следат 27.000 луѓе со кои често споделува фотографии од својот плен.
Најголем плен кој го има уловено е мечка од 150 килограми.
Кејт вели дека нејзиниот татко пред десетина години ја одвел на лов , па таа брзо се вљубила.
Таа додава дека од својот лов користи апсолутно се, а единствено не го јаде месото од волк, бидејќи не е погодно за луѓе.
„Кожата и галавата ја препарирам“ изјавила гордо таа.
-Никогаш не сум убила животно поради забава, ги ловам исклучиво поради нивно зачувување и храна.
Сепак поради љубовта кон ловот таа секојдневно добива закани, некои сакаат да ја убијат а други и се закануваат на нејзината ќерка.
-Освен со смрт ми се закануваат и со силување, но јас сето тоа го игнорирам.Само сакам да им покажам на луѓето дека ловот нее исклучиво за мажи. Се надевам дека во тоа ќе ме подржат што повеќе жени“ рекла Кејт.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа