Пет совети за позитивен и успешен понеделник
Понеделник е најнеомилениот ден на сите. Викендот завршува, децата се враќаат на училиште, возрасните се враќаат на своите обврски, а викендот е далеку.
Не дозволувајте да се чувствувате депресивнo во понеделник и започнете го денот со помош на овие едноставни совети.
Направете го омилениот доручек
По утрото денот се познава! Денеска почестете се со вашето омилено јадење, за да имате енергија во текот на целиот ден.
Намалете го внесот на кофеин
Ако во понеделник се чувствувате нервозно, не треба нервозата да ја стимулирате со кофеин којшто нема да ви помогне. Испијте само едно кафе наутро.
Вечера со пријателите
Денот на работа ќе ви помине полесно доколку знаете дека навечер ќе правите нешто забавно.
Освен тоа, може да уживате во некоја епизода од омилената серија или некоја друга активност по ваш избор.
Размислувајте за убави работи
Во секоја негативна ситуација, има барем една позитивна. Фокусирајте се на работата за да уживате подоцна.
Понеделник е само еден ден
Најтежок е првиот чекор. После понеделник, неделата поминува полесно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа