Сопругата на претседателот Пендаровски: „Уште на вториот состанок Стево сакаше да ме земе за жена“
Докторката Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, во интервју за „Репортер“ зборуваше за животот пред и откако нејзиниот сопруг стана претседател на Македонија. Таа посочи дека секојдневно оди на работа на Клиниката за стоматологија, каде постојано е со своите пациенти. Без обезбедување, се движи нормално, а не изостанува ниту од предавањата со студентите на Стоматолошкиот факултет, каде што е професор. Истакна дека новата улога, сопругата на претседателот, не ја променила и дека се труди да остане истата личност.
„Кога бевме на отворањето на ‘Манаки’ напишаа на Твитер дека сме чекале во редот. Нема зошто да не чекаме, па сите ние сме исти“, вели Елизабета, која во интервју за „Репортер“ првпат зборува за тоа каква е приватно.
За неа има многу интересни приказни. Како и онаа за презимето, оти решила да си го задржи само своето.
„Тогаш имав многу причини за тоа. Стево немаше никаков проблем со тоа, ама драмата се направи кога требаше да се роди синот Оги. Сакајќи да ги скратам формалностите, испадна проблем, па мислеа дека не сме во брак“, раскажува сопругата на преседателот Пендаровски.
Ѓорѓиевска кажа и дека нејзиниот сопруг кажал дека сака да биде во брак со неа уште после вториот нивен состанок. Целото интервју погледнете го ОВДЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа