Направете го лесно: Напиток кој лекува чир на желудник, несоница, поправа вид и ја подобрува меморијата

 

Млекото добиено од бадем е одлична алтернатива за кравјото млеко, бидејќи во својот состав не содржи холестерол, а се состои од 20% протеини. Ова млеко е извор на фосфор, кој е потребен за забите и коските. Во него има 4 пати повеќе калциум отколку во кравјото млеко. Да не ги заборавиме и калиумот, цинкот, бакарот, железото, Б витамините и манган.

Зошто треба да се пие бадемово млеко?

Лекарите го препорачуваат за побрзо и безбедно заздравување на чир на желудник и дванаестпалачното црево

Стимулира излачување од жолчката и ја празни жолчната кеса

Ја стимулира работата на цревата и се користи при хроничен колитис и опстипација и поседува лесен лакстаивен ефект

Една чаша бадемово млеко го решава проблемот со жиговината и спречува болести на гастроинтестиналниот тракт

Корисно е при настинки, астма, несоница, имптотенција, анемија

Млекото од бадем е одличен извор на енергија, ја поддржува активноста на мозокот и ја јакне меморијата

Една чаша бадемово млеко содржи 50% од препорачаната дневна доза на витамин Е, антиоксидант кој го намалува растот на слободни радикали кои предизвикуваат рак.

Има доста витамин Б и железо неопходни за раст и здраво функционирање на мускулното ткиво.

Бадемовото млеко не содржи лактоза, па може слободно да се консумира без страв дека ќе дојде до дигестивни пореметувања

Има многу малку калории (во 1 чаша има 40 калории), не содржи заситени масти, што го прави многу корисно за лицата кои сакаат да ги намалат килограмите

Бидејќи содржи флавониди, помага при намалувањето на холестерол и го штити срцето.

Подготовка:

Состојки: 1 чаша сурови бадеми, 3 – 4 чаши вода

Покиснете ги бадемите во вода и оставете ги да стојат цела ноќ. Утрото, истурете ја водата. Во сад со бадемите додадете 3-4 чаши чиста вода (најдобро флаширана или филтрирана). Блендирајте 2-3 минути. Млекото процедете го низ цедалка и ставете го во стаклено шише. Рокот на траење во фрижидер е 2-3 дена. По желба може да го засладите со малку мед или да додадете цимет, какао или ванила.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.10.2019 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега