Имал 405 килограми и докторите му велеле дека нема да го дочека 30. роденден - во инвалидска пензија заминал на 25. години
Убедливо најтешкиот учесник во емисијата „Мојот живот со 300 килограми“ бил Џулијус, кој поради својата морничава гојазност бил на ивица на смртта.
Џулијус Џеј Ти Кларк од Оклахома рекол искрено дека во целост зависи од својата девојка Џесика, како и дека е свесен дека е на ивица на смртта.
-Потребно ми е да знам дека во секој момент околу мене има многу храна. Храната ми е најважна работа на светот, повеќе сакам храна отколку секс - објаснил тој.
Џесика, од друга страна, рекла дека е загрижена за него, но сепак му овомпжува да се прејадува со брза храна. Слатките работи му ги носи буквално во вреќи, а покрај креветот му остава неколку картони пица.
-Се што во себе има шеќер е моја голема слабост и не можам да им одолеам на благите - објаснил Џулијус кој почнал да се дебелее на 13 години, а од година во година е се подебел. На крајот, на 22 години имал над 300 килограми и лекарите отворено му рекле дека нема да дочека 30 години. На 25 години веќе бил во инвалидска пензија и живеел во кревет од социјална помош.
Кога се појавил во емисијата „Мојот живот со 300 килограми“ бил свесен за својата зависност и дека е на ивица на смртта. Докторот Нау го ставил на строга диета, но тој станал агресивен и непријатен, поради што му пропаднал односот со Џесика.
Кога станало јасно дека не може да се избори со зависноста, сместен бил во реахбилитациониот центар Хјустон. Таму килограмите се намалиле во доволна мера за да се квалификува за бајпас на желудникот, после што килограмите се повеќе се намалувале. Во овој момент тој е полесен за 181 килограм.
Кога ќе оди на отстранување на лимфедемите, ќе има уште 60 килограми помалку.
Со Џесика раскинал и вели дека планира строго да се придржува до планот на доктор Нау за здрав живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа