„Благодарам што не го заборавивте мојот татко“- Синот на Шабан Шаулиќ едвај успеа да остане прибран

 

Српскиот пејач Шабан Шаулиќ загина минатата година на 17 февруари, а вчера неговите пријатели и семејството се собраа на гробиштата и одбележаа година откако го нема.

Неутешната сопруга и ќерка лиеле солзи, но „скриени“ зад црните наочари, додека пак синот Михајло се обидувал да остане прибран и силен.

Ги тешел мајка си и сетрата, а со потресен говор се обратил и он присутните.

"Благодарам што дојдовте и не заборавивте на тато. Што се однесува до нас, неговото семејство, тој не умре и не замина. Тој ќе биде со нас засекогаш и ќе живее преку песните што ги остави. Благодарам што го помните". рече Михајло Саулиќ.

На гробишатата биле и кумовите Зорица Брунслиќ и Кемиш, а иако синот на Шабан, Михајло ја раскина веридбата со Даниела, таа сепак дојде на поменот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2020 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега