ВИДЕО: Носејќи пациентка со коронавирус на носилка, персоналот се сопна па ја истркалаа

 

30-годишна Романка, која се вратила од Кина на 1. февруари каде работи како учител, вчера дошла на една романска Клиника за инфективни болести со инфекција на горниот респираторен тракт.

Со оглед на тоа дека пациентот пристигнал од Кина, се сомневало на можна инфекција со коронавирус. Во согласност со постапката, таа е ставена во изолација и биле известени надлежните институции, пишува „Monitorul“.

Кога пациентката била префрлена во Клиниката за заразни болести во Иаси се случила незгода.

Додека медицинскиот персонал ја пренесувал, еден од нив се лизнал и паднал преку носилката на пациентката, која заврши заедно со неа на земја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.02.2020 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега