Непишани љубовни правила
Иако се вели дека во љубовта и војната нема правила, во реалноста не е баш така.
Според светските медиуми, за да бидете среќни во партнерскиот однос треба да ги почитувате следните правила
КОМУНИКАЦИЈА
Доколку постојано сте во кавга со партнерот и не можете отворено да разговарате за проблемот, тогаш врската нема смисла. Комуникацијата е клучот за една врска да успее.
КАЖЕТЕ ГО ТОА ШТО ВИ ПРЕЧИ
Никој не може да ги чита мислите на останатите луѓе, па доколку партнерот има маани кои вам ви пречат, треба отворено да ги кажете.
НЕ СПОРЕДУВАЈТЕ СЕ СО ДРУГИ ПАРОВИ
Тоа што го гледате на Инстаграм или на останатите социјални мрежи не е реалност. Не значи дека вашиот партнер помалку ве сака од оној кој на Инстаграм објавил дека купил букет од 100 рози за роденденот на партнерката, а вие сте добиле чоколада. Никогаш не може да знаете што се крие зад тој букет.
РАБОТЕТЕ НА ВРСКАТА
Ништо добро не може да се случи доколку не се потрудите. Така е и во врските, но и секојдневниот живот. Доколку имате проблеми во врската, обидете се да ги решите проблемите.
ВРСКАТА ЌЕ БИДЕ ДОБРА ДОКОЛКУ ИМАТЕ ИСТИ ВРЕДНОСТИ
Доколку вие и вашиот партнер немате исти соништа, вредности и став во живото тогаш воопшто не го губите времето со него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа