Атиџе: Сакам да одморам од камерите, а и си имам работа и со пчелите
Главната протагонистка во филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, утрово со песна ја поздрави Македонија од Лос Анџелес.
На денешната онлајн прес-конференција со екипата на филмот, на прашањето дали Атиџе се гледа како актерка, таа истакна дека повеќе би сакала да се занимава со пеење отколку со глумење, пренесува „Плусинфо“.
Таа исто така се пожали дека „преку глава“ ѝ е дојдено од интервјуа, па на новинарите им порача дека сака да одмори, а и дека има работа со пчелите.
– Си имам јас сега работа со пчелите. Сакам да одморам од интервјуа и од камери. Инаку, убаво си поминав на Оскарите, добро беше таму – рече Атиџе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа