Девет месеци криеше дека е бремена, а сега се породи во тајност- Славната двојка доби трето дете (ФОТО)

 

 

Ана Курникова и Енрике Иглесијас станаа родители по трет пат. Имено, братот на познатиот шпански пејач потврдил дека Ана се породила.

Тој на прашањето на водителот за гласините дека повторно ќе стане вујко одговорил: „Јас веќе станав вујко“.

Водителот му побарал објаснување, за да не се мисли на 2-годишните близнаци Николас и Луси, прашувајчи го „Дали бебето е веќе родено?“, на што Хулио едноставно одговорил „Да“.

„Мојот брат сега има три деца. Многу е среќен“, додал тој.

Инаку Ана и Енрике скоро цела бременост успеале да ја сокријат од јавноста, се до пред неколку недели кога се појавија нејзини папарацо фотографии.

Славната убавица 9 месеци криеше дека е бремена, а сега се породи во тајност - доби трето дете со познатиот пејач.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега