Поради своите облини привлече внимание на Инстаграм, а во 2014 година случајно дознала зошто задникот и бутовите и се огромни

 

Јоана Кира цел живот била исмејувана поради својот физички изглед.

Денес таа има 28 години и вели дека никогаш порано немала поголема самодоверба.

Јоана страда од едно пореметување поради кое бутовите и задникот и се со неверојатни пропорции.

-Цел живот бев несигурна и исмејувана. Неодамна дојдов до точка искрено да се сакам себе си и своето тело да го покажувам на Инстаграм, рекла таа , а во меѓувреме станала фитнес инстркторка и инфуенсерка.

Јоана вели дека до 2014 година страдала поради својот изглед, но и затоа што околината ја исмејува. Таа година, вели таа, се преселила во Лондон, започнала опсесивно да вежба и да покажува резултати на Инстаграм. Иако успеала да изгуби тежина, бутовите и задникот останале  поголеми од остатокот на телото. Ова го привлекло вниманието на луѓето на Инстаграм, па собрала нешто повеќе од милион следбеници кои биле „маѓепсани“ од обликот на нејзиното тело.

Јоана преку луѓето кои ја следат открила од што страда - нејзината состојба никогаш не била успешно дијагностицирана од лекарите, а потоа на Инстаграм му се приближил Инстаграммејкер кој се сомневал дека Јоана боледува од липоедем и се покажало дека тоа е нејзиниот проблем.

Липоедемот е слабо истражувана медицинска состојба, која честопати се меша со лимфедем, и тоа е хронична состојба во која масните клетки се собираат во абнормални количини во бутовите и задникот, а во ретки случаи во рацете.

Овој медицински проблем се пренесува генетски, но ретко се случува кај мажите. Тоа главно влијае на жените и оваа медицинска состојба предизвикува многу болка, оток и целулит, а во најлоши околности може да ја отежне подвижноста толку многу што заболеното лице завршува во инвалидска количка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.02.2020 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега