Испратени во вечното почивалиште: Коби Брајант и неговата ќерка погребани на приватна церемонија

 

Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана биле погребани минатиот петок на приватна церемонија во Оринџ Каунти, Калифорнија. 

Семејството Брајант се одлучило за приватен погреб, далеку од очите на јавноста. Чинот се случил на 7 февруари, две недели по трагичната хеликоптерска несреќа.
 
„Ванеса и семејството сакаа приватна церемонија. Чинот беше исклучително тежок за сите, се уште им е тешко да сфатат дека ги загубиле нивните две прекрасни души“, изјави извор за „Ентертејмент Тунајт“.
 
Јавна комеморација е планирана за 24. февруари во Стејплс Центарот, датум кој е поврзан и со Коби и со Џиџи. Февруари е вториот месец од годината и го претставува бројот на дресот на Џијана 2. 24 е еден од двата броја на Коби Брајант.
 
Комеморацијата на 24 февруари ќе биде во чест на сите девет жртви од несреќата.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2020 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега