ФОТО: Славната убавица објави прва фотографија од своето тело после породувањето - кажа низ што поминува

 

Ешли Грејем во средината на јануари го роди своето прво дете - синот Ајзак, а таа и после породувањето одлучи отворено да зборува за предизвиците кои со себе ги носи бременоста, односно постпородилната состојба.

Таа овој пат споделила и прва фотографија од своето тело после породувањето, со која отворено ги повикала жените да разговараат за закрепнувањето после породувањето.

Плус сајз манекенката позирала во црна памучна маица и сиви боксерки, лицето го прекрила со рака, а в опис на фотографијата прилоѓила детален опис за своето секојдневие откако добила дете.

„Крени раце ако знаеш дека можеби нема да ги промениш и своите пелени. После сите овие години во модата никогаш не можев да претпоставам дека еднократната долна облека ќе ми биде омилено парче гардероба, но еве не. Никој не зборува за закрепнувањето и за лечењето низ кое поминуваат новопечените мајки. Сакав да ви покажам дека не е се виножито и пеперутки. Дефинитивно беше многу тешко, но јас имав искрени разговори со пријателките кои ми ги испратија работите кои им ги спасиле животите. Неверојатни се предрасудите со кои и понатаму се соочуваме кога зборуваме за тоа низ што поминуваме“, напишала Ешли.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.02.2020 - 13:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега