Чудни симболи на гробот на настраданиот пејач Шабан Шаулиќ - наврши една година од смртта на легендата
Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ загина во тешка сообраќајна несреќа после настапот во Германија пред точно една година. Семејството на пејачката легенда, неодамна, одржа годишен помен на Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград.
На гробот на настраданиот пејач српските медиуми виделе необичен симбол - текстот од една недгова песна испишан рачно, а на крајот нацртано око и бела роза.
Значењето на овие симболи кај многу народи е врзано со тоа дека очите зборуваат повеќе од устата, затоа што се гласот на срцето и слика на душата. Авторот на пораката и цртежот веројатно сакал да укаже на неминливоста и вечноста на ликот и делото на Шаулиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа