Колку време би требало да трае идеалниот состанок?

 

Кога љубовните состаноци се досадни или непријатни, еден час често трае како цел ден. Сепак, колку би требало да трае идеалниот состанок, кога сѐ оди по план?

Првиот состанок би требало да трае 57 минути и станува збор за сосема доволно време да испиете кафе и да ги дознаете основните информации за личноста која ви се допаѓа.

Како што пишува Менс Хелт, првото излегување првенствено е наменето само за зголемување на интересот и привлечноста меѓу две личности.

Исто така, 57 минути е идеално време за луѓето кои имаат многу обврски, но и за оние послободните. Тоа е и повеќе од доволно време за да поразговарате за себе, своите интереси, цели и други информации кои сметате дека се важни да се кажат на првиот состанок.

Од друга страна, 57 минути се доволни за да имате повод да закажете втор состанок доколку ви се допадне дружењето со таа личност. Идеално за да поминат неколку дена пред следното излегување. Доколку не дозволите состаноците да ви траат предолго, тоа ќе ве спаси од непријатните приказни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2020 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега