Свирела виолина додека лекарите ѝ отстранувале тумор на мозокот
Хирурзите во болницата Кингс колеџ во Лондон отстраниле тумор на мозокот на жена која за време на операцијата свирела виолина.
Лекарите и го мапирале мозокот на виолинистката Дагмар Тарнер (53) пред операцијата за да го идентификуваат подрачјето каде што била активна кога го свирела инструментот и подрачјата кои се одговорни за контрола на јазикот и движењето, пренесуваат светските медиуми.
Тие ја разбудели за време на постапката за да може да свири, со што се осигурале дека хирурзите нема да оштетат ниту едно клучно подрачје на мозокот кое го контролира нејзиното чувство за движење на рацете.
-Знаевме колку за Дагмар е важна виолината, па од витално значење беше да ја зачуваме функцијата на нешните делови на нејзиниот мозок за да и овозможиме да свири, изјавил нејзиниот неурохирург, Кејумарс Ашкан.
Лекарите успеале да отстранат 90 отсто од туморот, вклучително и сите подрачја кои се сметаат за агресивни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа