ФОТО: Мила имала 340 килограми и не можела да стане од кревет - денес има 70 килограми и изглед како друга личност
Кога Мила Кларк се појавила во емисијата „Мојот живот со 300 килограми“, без никакво размислување сместена била во најтешката категорија учесници во ова реално шоу. Со 340 килограми, ништо не можела да направи сама - децата ѝ помагале во се, од тоа да ѝ носат храна, преку тоа што ја капеле и ѝ помагале да оди во тоалет.
Нејзината тежина ја спречувала и да се исправи во кревет, па за тоа ѝ била неопходна помош од децата.
Очајна се пријавила во емисијата, верувајќи дека познатите доктори ќе ѝ помогнат. Нејзината борба траела три години. После почетното губење на килограмите, се класифицирала за бајпас на желудникот, после што продолжила да слабее.
Се заколната дека никогаш повеќе нема да се врати на брзата храна, затоа што тоа е првиот чекор кон животот во кревет каков што водела.
Денес Мила има 71. килограми. Изгубила фантастични 269 килограми. Поминала низ три операции за отстранување на вишокот кожа, а морала и да ги менува чашките на колената, затоа што ѝ пропаднале поради вишокот килограми.
Мила денес ги има своите мноубројни фанови на Инстаграм кои редовно ги известува за своите секојдневни активности, а и не се откажува од здравиот начин на живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа