Албанската пејачка со една фотографија на Инстаграм налути илјадници Срби
Британската пејачка Дуа Липа (24), со потекло од Албанија, објави фотографија на која се гледа двоглавиот орел и мапа на Косово и им честита на 12 години независност.
Пејачката на својот Инстаграм-профил објави фотографија под која напиша:
„12 години независност. Постои само една земја, останатите се нијанси“, пишува под фотографијата.
Дуа Липа го „украси“ својот пост со жолти и сини срца и хаштаг на албански јазик.
Не им требаше долго на Србите за да ја откријат објавата на славната пејачка и да започнат да ѝ пишуваат навредливи коментари и да објаснуваат на српски дека Косово е, всушност, Србија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа