Земала шише, издупчила дупки на капачето и покажала одличен трик: „Сите се воодушевени како мириса купатилото“
На Фејсбук групата „Moms who clean" една жена го открила својо трик за купатилото секогаш да ви мириса фантастично и ги воодушевила своите членови.
Неодамна во иста оваа група беше објавено во казанчето да се стави омекнувач за алишта и при секое пуштање вода, купатилото ќе мири убаво. Тој трик успева, но исто така им штети на цевките. Затоа оваа мајка смислила сличен трик кој нема ништо да оштети.
Таа, имено, советува во обично пластично шише на чиј капак сте издупчиле неколку дупки, да се стави до половина омекнувач, а остатокот да се наполни со вода.
Шишето да се смести во казанчето.
-Секогаш кога ќе пуштите вода, низ купатилото ќе се рашири мирис на освежувач. Јас и моите домашни сме воодушевени - вели оваа жена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа