Зошто им се враќаме на бившите партнери, дури и кога тоа е многу лошо за нас?

 

Често се вели дека љубовта е слепа. Сепак, колку пат некој треба да докаже дека е лошо по нас, пред да ја научиме лекцијата.

Полесно ви е бидејќи ги познавате

Враќањето на бившите партнери е најлесна работа која може да ја направите. Вие и вашиот партнер си ги познавате своите желби, навики, но и мани, плус едноставно се враќате на нешто што веќе го знаете.

Се навикнавте на сѐ она што партнерот може да ви го „приреди“, така што никогаш не ве чека ништо ново.

Осаменоста е тешка

Разделувањата не се едноставни. Одеднаш останувате сами, а таа посебна личност која вам најмногу ве тешела не е со вас.

Цело време ја доведувате во прашање одлуката за разделување со личноста која ја сакате, размислувајќи за сите среќни моменти и добри работи кои вашиот партнер го направил за вас, занемарувајќи ги лошите работи и зошто воопшто сте се разделиле.

Тешки чувствува се јавуваат кај вас

Разделувањата обично се драматични и често нѐ оставаат „на парчиња“. Што е уште полошо ефектите од разделувањата можат да ве држат застрашени долго време, додека не го преболите партнерот или не му се вратите.

Кога сте оддалечени од партнерот, лесно е да се идеализираат убави спомени и за се занемарат лошите. Често несвесно ги потискуваме негативните мемории за да се заштитиме од доживувањата трауми.

„Овој пат навистина ќе се промени“

Изреката „љубовта е слепа“ често е вистинска. Иако не можеме да забележиме дека нашите постапки се разликуваат, понекогаш забораваме на својата гордост и принципи и едноставно се препуштаме со надеж дека партнерот ќе се промени на подобро, пишува Брајт сајд.

Поради тоа веруваме дека партнерот кога вели дека ќе го промени своето однесување, дури иако длабоко во себе знаеме дека тоа е малку веројатно, во реалноста, луѓето ретко ја менуваат својата природа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2020 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега