Сите мислеле дека е мртва, а тогаш и го допреле челото- била топла (ВИДЕО)
Ксенија Дидук е прогласена мртва откако Итната помош констатирала дека срцето веќе не и чука, а семејството веднаш почнало да се подготвува за погреб, повикан е и свештеник а тогаш се случило чудо.
Во еден момент ќерката и го допрела челото, а тоа било топло, а тогаш почнала да ја допира и по вратот и нозете и сфатиле дека таа не е ладна, како што обично се случува со мртвите.
Откако ја одвеле во болница, сфатиле дека бабата е жива, а старицата мислела дека докторите се ангели бидејќи биле облечени во бели мантили.
„Мислев дека сум мртва, а тие се ангели, но всушност биле лекари. Очигледно Бог се смилувал над мене штом „оживеав““ рекла старицата.
Докторката вели дека работи 20 години и досеа нема видено ништо слично, додека пак свештеникот навел дека се случило чудо и Бог ја вратил во живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа