Ангеловска: Мерките за плати ќе може да ги користат и управителите и сопственици на бизнисите

 

Владата направи измена на Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствената економска криза, заради исплата на плати за април и мај, објави министерката за финансии на Фејсбук.

– Флексибилноста, брзата реакција и слухот се клучни во менаџирањето на ваквата кризна состојба. Денеска на владина седница донесовме измена на уредбата. Делуваме во насока на поддршка на стопанството и задржување на секое работно место!, стои во објавата на министерката.

Како што појаснува дека во насока на заштита на микро и мали фирми се отстранува условот управивтели и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката и бројот на вработени треба да се задржат два месеца по користење на мерката, односно до јули 2020.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2020 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега