Илјадници жени ширум светот воздивнуваа по него, сега е непретпознатлив (ФОТО)
По актерот Ник Нолти воздивнувале сите жени ширум светот, а овој холивудски шармер живее далеку од очите на јавноста, па одвај би го препознале.
Холивудскиот актер Ник Нолти наредната година ќе го прослави 80-от роденден, а пред да пушти брада и да стане непрепознатлив бил еден од најпосакуваните мажи на светот.
Нолти кариерата ја започнал како модел, а откако стапил во актерските води поради својот шарм и харизма брзо го освоил цел свет.
Во текот на богатата кариера снимил над 50 филмови, па три пати бил номиниран за престижната награда Оскар.
Жените ширум светот воздивнувале по него, па во текот на младоста бил сметан за секс-симбол во Хливуд.
Сепак, поминале многу години оттогаш, па тој сега е непрепознатлив, со разбушавена коса и лежерен стил, судејќи по фотографиите кои што се појавија на социјалните мрежи.
Овој голем американски актер, освен по актерската кариера познат е и по турбулентниот приватен живот.
Се борел со многу пороци, а зад себе има многубројни пропаднати врски.
Пред олтар застанал четири пати, а има две деца. Нолти денес живее мирен живот без пороци, а се обидува да остане и што подалеку од очите на јавноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа