Америка се повлекува од мировните преговори меѓу Украина и Русија
САД повеќе нема да бидат посредник во мировните преговори меѓу Русија и Украина, соопшти Стејт департментот.
„Телеграф“ објави дека Стејт департментот објавил дека го менуваат методот со кој ќе придонесуваат во разговорите и повеќе нема да учествуваат на состаноци низ целиот свет.
„Го менуваме начинот на кој придонесуваме во преговорите и повеќе нема да летаме низ светот на секој повик за одржување мировни состаноци“, соопшти Стејт департментот.
Одлуката доаѓа откако САД потпишаа договор за минерали со Украина под многу поповолни услови отколку што се сметаше претходно. Се вели дека Доналд Трамп, исто така, ја одобрил првата рунда испораки на оружје во Киев под негова администрација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа