ВЛЕН: Пропадна планот на Ахмети и Османи
ДУИ е разочарана бидејќи им пропадна планот да го поништат Законот за јазиците и со тоа да ја дестабилизираат државата, велат од ВЛЕН.
„Планот на Али Ахмети и Бујар Османи, преку судии именувани од нив во Уставниот суд, да го загрозат албанскиот јазик во Република Северна Македонија и да ја дестабилизираат земјата, пропадна пред да земе замав.
Бујар Османи, како почетник во политиката и без кредибилитет, не успева да го сокрие своето разочарување.
ДУИ беше подготвена да го жртвува албанскиот јазик само за една ниска цел: Да се врати на власт по секоја цена.
Не грижете се: Албанскиот јазик не е предмет на преговори! ВЛЕН нема да дозволи ниту еден чекор назад во правата на Албанците!
Лагите завршија. Две децении, ДУИ правеше работи половично, за пред очи на јавноста, манипулирајќи со албанската кауза за лични и партиски зделки.
Следните локални избори веќе не се само избори. Тие се РЕФЕРЕНДУМ за албанскиот јазик, за еднаквоста на Албанците во оваа држава и за конечно ставање печат на ДУИ како партија Нон Грата и како “организација” на тесни лични интереси!“, стои во соопштението на ВЛЕН.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа