Македонија е земја во која не би се вратила вели најмладата патничка во трка за Гинис

 

Софија Ли, 19-годишна девојка од Аљаска, се надева дека ќе стане најмладата жена во светот што ќе влезе во Гинисовата книга на рекорди поради тоа што посетила најмногу земји. Нејзината патувачка мисија веќе ја донела во 107 држави ширум светот – и покрај младоста, таа зад себе има импресивна авантуристичка приказна што фасцинира многумина.

Ли започнала да патува уште на 16 години, инспирирана од желбата да ја запознае културната разноликост на планетата. Патувањата ги финансира преку спонзорства, онлајн содржини и патнички блогови, а нејзината цел е да го надмине рекордот за најмногу посетени земји во тинејџерски години.

Но, нејзините впечатоци не се секогаш позитивни. Во изјава за еден американски медиум, Софија посочи дека од сите земји што ги посетила, најмалку позитивно искуство имала во Македонија и Белгија, кои, како што вели, не би сакала да ги посети повторно. Не прецизира што точно не ѝ се допаднало, но изјавата веќе предизвика реакции, особено на социјалните мрежи.

Од друга страна, нејзини омилени земји од европскиот континент се Грузија и Франција, за кои вели дека нудат совршена комбинација од природна убавина, култура и пријателски луѓе.

Иако младa, Софија Ли со својата енергија, решителност и љубопитност веќе го сврте вниманието на глобалната патничка заедница. Доколку успее да ја оствари својата цел и влезе во Гинис, таа ќе стане инспирација за многу млади луѓе ширум светот кои сонуваат да патуваат и да го откријат светот одблизу.

02.05.2025 - 23:39

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега