Министерот Муртезани на ЕУСАИР Форум во Крит

 

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе ја предводи делегацијата на Република Северна Македонија на Форумот на ЕУ Стратегијата за Јадранско-јонскиот регион (ЕУСАИР), кој во рамки на грчкото претседавање, од денеска до 7 мај 2025 година ќе се одржи на Крит, Грција.

Како што соопштија денеска од Министерството за европски прашања, Северна Македонија официјално ќе го преземе претседавањето со Јадранско-јонската иницијатива од Грција, првпат откако земјата стана дел од овие формати за регионална соработка.

Покрај церемонијата на примопредавање, министерот Муртезани, како што е најавено, ќе учествува и на Панелот на министри за фондови на ЕУ и на министерскиот состанок, како дел од пошироката агенда на Форумот посветена на зајакнување на регионалната соработка, поврзаност и интеграција во Јадранско-јонскиот регион.

Претседателството на Северна Македонија со ЕУСАИР и Јадранско-јонската иницијатива започнува на 1 јуни 2025 година и ќе трае една година.

05.05.2025 - 10:48

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега