Општина Илинден додели субвенции за инвертер клими и соларни панели

 


Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и оваа година додели Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели.

Градоначалникот, Александар Георгиевски им се заблагодари на граѓаните кои учествуваа на јавниот повик и истакна дека оваа година околу 60-тина домаќинства добија субвенции за клима уреди. Целта е да се стимулираат домаќинствата во општина Илинден за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување или ладење на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината.

Оваа мерка е дел од Програмата за финансиска поддршка на целни групи граѓани на Општина Илинден за 2025 година. Износот кој го доделува Општината како финансиска помош изнесува 50% од сумата за која е купена инвертер климата или соларниот панел, односно до максимум 10.000,00 денари по производ.

Градоначалникот Георгиевски додаде дека грижата и поддршката за граѓаните е секогаш приоритет на Општина Илинден, такашто истата ќе продолжи и во наредниот период со доделување на субвенции.

22.05.2025 - 12:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега