Мајката на Артан Груби: Те гонат синко како во комунизмот, но ќе пропаднат исто како тој систем

 

Зухра Груби, мајката на поранешниот вицепремиер и висок функционер на ДУИ, Артан Груби, кој веќе подолго време е недостапен за јавноста и институциите, денеска се огласи преку социјалните мрежи, упатувајќи му јавна роденденска честитка на својот син.

Во емотивната порака, таа изрази љубов и поддршка кон Артан, кој со месеци е во отсуство, а неговата локација сè уште останува непозната за јавноста.

„Денес, кога твоето отсуство е позабележително од присуството на сите други заедно, кога за твоите дела се зборува затоа што ги прават сите горди и ги потсетуваат на годините кога Албанците се чувствуваа претставени и господари во својата земја, кога гледаа како се управувани и како се исполнува дадениот збор, и кога некои кои не успеаја да го направат она што тебе ти успеа, па сакаат да уништат и елиминираат сè што е постигнато…

…Јас, твојата мајка, погорда од кога било, ти посакувам СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АРТАНЕ и се молам да имаш здравје и среќа, и оваа политичка одмазда и прогон, како во времето на комунизмот, да ја доживее судбината на тој прогонувачки систем и дека вистината ќе победи по Божја волја“, напиша мајката на Артан.

08.06.2025 - 12:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега