Петрушевски: 9 милиони евра завршиле во фирма на Заев од Бугарија блиска до Филипче
„Огромни суми на пари, кои се бројат во десетици милиони евра, од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми директно на Заев, а кои имаат тесна врска со Венко Филипче, изјави денеска пратеникот Бране Петрушевски.
Имено фирмата која му го купила луксузниот џип на Филипче, Зобек мининг груп продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30-тина. Разликата во цена никогаш не влегла во Македонија.
Зобек мининг груп уште во Грција за наводен ископ на јаглен исплатила 9 милиони евра кон фирмата на Заев во Бугарија, Гомасидра.
Оваа фирма на Заев е регистрирана на истата адреса во Петрич, Бугарија, како и фирмата на Венко Филипче, „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd).
Овде има и законска и морална дилема и проблем.
Додека Заев и Филипче велеле дека немаат врска со државни тендери, тие всушност биле во милионска шема со државни тендери.
Ова почитувани е скандал за кој ЈО мора веднаш да отвори постапка и да реагира. Милиони евра завршиле во фирми на Заев, блиски до Филипче само од еден тендер. Одговорност мора да има.“, додаде Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа