Бизнисменот Ристо Крмзов оди во притвор

 


Бизнисменот Ристо Крмзов е осуден на 30-дневен притвор, потврди за „Скопје1“ неговиот бранител, Ване Андреев. Крмзов од Кривичниот суд ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Мерката е одредена поради опасност од бегство, влијание на сведоци и можност да го повтори делото.

Адвокатот Андреев смета дека оваа мерка е нелогична, со оглед на тоа што неговиот клиент досега бил под други мерки – одземена патна исправа и задолжително јавување во суд – кои ги почитувал една година.

„Оваа мерка нема логика, тој и досега беше под мерки, со одземена патна исправа и со јавување во суд. Една година како му се изречени тие мерки. Ги нема прекршено, плус има платено данок, а сега се изрекува притвор“, изјави адвокатот на Крмзов за „Скопје1“.

Андреев најави дека ќе поднесе жалба до Кривичниот совет.

09.06.2025 - 22:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега