ВМРО-ДПМНЕ: Од ископ на јаглен 9 милиони евра завршиле кај кланот Заеви
Додека Македонија била во енергетска криза, а народот плаќал повисоки сметки за струја милионски суми од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев а кои се во тесна врска и со Филипче. Ова го велат денеска од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение испратено до јавноста.
- Фирмата Зобек мининг група која му го купила аудио на Филипче продавала јаглен на ЕСМ по цена од 82 евра, а го купувала за 30. Разликата во цена никогаш не влегла во Македонија, туку завршила на сметки на фирми на кланот Заеви. Зобек мининг груп уште во Грција за наводен ископ на јагленот исплатила 9 милиони евра кон фирмата на Заев во Бугарија, Гомасидра. Фирма на Заев е регистрирана на иста адреса во Петрич, Бугарија, како и фирмата на Венко Филипче, „Пауер ај 8“(POWER i8 Ltd). Додека Македонија била во енергетска криза, а Заев и Филипче тврдеа дека немаат врска со државни тендери, правеле милиони на штета на државата и врз грбот на граѓаните. Од само еден тендер, милиони завршиле кај кланот Заеви и Филипче. Филипче да не молчи, да каже на јавноста која е неговата улога во тендерите со јаглен и кој е пазарот, па е награден со ауди Q8? Одговорност за ваков скандал мора да има ЈО да поведе истрага и да реагира, велат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа