Трамп: Ѝ помагам на Украина за да можам да одам во рајот

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека еден од неговите мотиви за вмешаност во Украина е исто така личен – „желбата да се оди во рајот“. Изјавата предизвика многу реакции откако ја потврди портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на брифинг за медиумите .

Трамп, во разговор за „Фокс њуз“ претходно рече: „Ако можам да спасам 7.000 луѓе неделно од смрт, мислам дека тоа е прилично… Сакам да се обидам да одам во рајот ако е можно, слушнав дека не ми оди добро. Навистина сум на дното на листата. Но, ако можам да одам во рајот, ова ќе биде една од причините.“

Кога беше прашана за изјавата, Ливит им рече на новинарите во Белата куќа: „Мислам дека претседателот беше сериозен. Претседателот сака да оди во рајот, како што се надевам дека и сите во оваа просторија сакаат.“

19.08.2025 - 21:56

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега