Вработен во тетовскиот суд починал на плажа во Албанија - Брзата помош доцнела

 

Четириесет и едногодишен тетовец, А.С., вработен во Основниот суд во Тетово, ненадејно почина вчера на плажата Шкемби во Каваја, близу Драч, Албанија каде што бил на одмор со своето семејство.

Според сведоци за албанските медиуми, присутните двапати успеале да го реанимираат, но поради задоцнетото пристигнување на Брзата помош – која дошла повеќе од еден час подоцна – неговиот живот не можел да се спаси.

 

Весникот „Експрес“ од Косово објави дека починатиот зад себе оставил сопруга и две ќерки.

20.08.2025 - 12:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега