Одложена расправата за „Беланоца – Барон“ поради отсуство на бранител

 

Поради отсуство на бранител, Кривичниот суд ја одложи расправата за предметот „Беланоца – Барон“, закажана за 15 август, и најави дека постапката ќе продолжи во септември и ноември според претходно утврдената динамика.

Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 90/25, поврзан со групата Беланоца – Барон, ја информираме јавноста дека расправата насрочена за 15.08.2025 година се отповикува заради отсуство на бранител.

Имено, бранителот Мерџан Даути, го извести судот дека, поради користење годишен одмор и лекување на член на семејството во странство, не прима покани, акти и други дописи во периодот од 18.07.2025 до 08.09 2025 година.

Расправата ќе продолжи на следните термини согласно претходно утврдената динамика за месец септември и ноември 2025 година, а за сите дополнителни информации јавноста и странките ќе бидат дополнително известени, информира Кривичен суд.

14.08.2025 - 16:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега