Ограбени две цркви во Скопје - украдено и ѕвоно од камбанаријата
Вчера во 09.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 18.05.2025 до 19.05.2025 со употреба на физичка сила и погоден алат од објект во двор на црква на подрачјето на село Сопиште, скопско, одземени се разни предмети и ѕвоно од камбанаријата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Исто така утрово во 10.00 часот во СВР Скопје, од црква на подрачјето на Центар во Скопје е пријавено дека на 18.05.2025 во периодот од 17.00 до 17.45 часот со употреба на физичка сила и погоден алат од објект во кругот на црквата е одземен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа