Пијан радовишанец прегазил 9-годишно девојче
Вчера во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш.
Во 14.45 часот на крстосница од ул.„Плачковица“ и ул.„Мирче Ацев“ во Радовиш, управувајќи мопед „томос“ со 2,02 промили алкохол во крвта, тој удрил во деветгодишно девојче од Радовиш, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Итна медицинска помош Радовиш.
Лицето било задржано во полициска станица, а увид извршила увидна екипа на ОВР Радовиш.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
13.06.2025 - 10:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа