Пожар во прилепско: Изгоре штала и три домашни животни, повреден е и малолетник
Вчера во 21.27 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Дреновци, прилепско, настанал пожар во штала сопственост на П.В.(67). Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп, а со повреди се здобил малолетник од с.Дреновци, прилепско, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Исто така, во пожарот изгореле три домашни животни.
Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
25.06.2025 - 13:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа