Пожарот кај кичевско ставен под делумна контрола - се уште гори еден дел од шумата

 

Опасниот пожар кај селата Челопејци и Миокази во кичевско кој избувна денеска е ставен под делумна контрола.

Пожарот кај с. Челопеци, Општина Кичево, во делот кај складот е ставен под контрола, но еден дел кон шумата сè уште гори. Опожарена е нискостеблеста шума. Во вечерните часови, екипа припадници на АРМ ќе останат на терен како противпожарно дежурство, изјави директорот на ЦУК, Мухамед Аљи за Пресс24.

Во раните утрински часови, како воздушна поддршка за гаснење на пожарот ќе учествуваат 2 хеликоптери на МВР,2 ЕР трактори на ДЗС, 1 хеликоптер на АРМ.

За потсетување денеска пожарот избувна околу 14:00 часот, избувна голем пожар помеѓу селата Челопејци и Миокази, во Кичевско, Општина Вранешница. На терен интервенираа 35 војници на АРМ со три пинц-гауери, како и воздушна поддршка од два хеликоптери на МВР и еден хеликоптер на АРМ. 

 

11.08.2025 - 21:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега