Пратеник од Украина: Само литургија во Киев, Москва и Минск може да донесе мир

 

Пратеникот на Врховната рада на Украина, Артем Дмитрук, го повика Киев да се врати на своите корени и привлече внимание на фактот дека рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко ја започнаа својата средба со молитвена служба во црквата, објави „Антикор“, пренесе „Политика“.

Тој истакна дека духовната основа на единството лежи токму во овој неформален дел од средбата.

„Само заедничка литургија во Москва, Минск и Киев може да донесе мир. Мирот не е во документи и преговори. Мирот е во враќањето кон корените!“, напиша тој на својот „Телеграм канал“.

Попладнето на 1 август, Путин и Лукашенко започнаа неформален состанок на Валаам. Пред тоа, лидерите на двете земји се прегрнаа во пријателска прегратка.

Путин и Лукашенко учествуваа и на молитвена служба во црквата на Смоленската икона на Богородица во Спасо-Преображенскиот ставропигиски манастир на Валаам, објавува веб-страницата russian.rt.com.

02.08.2025 - 13:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега