Прегазен пешак во Свети Николе
Вчера околу 12.15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на кружниот тек на плоштад „Илинден“ во Свети Николе, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(31) од Свети Николе, удрило во пешакот П.Л.(71) од Свети Николе.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Јавна здравствена установа Свети Николе.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.
13.06.2025 - 15:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа