Претседателот на Собранието Африм Гаши примен во болница
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Информацијата за неговата хоспитализација ја потврдил директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, за „Скопје1“. Тој изјави дека Гаши бил примен нешто по полноќ, со сериозни болки и тегоби во стомачната регија.
„Пациентот беше примен поради преплет на цревата. Состојбата внимателно се следи, а засега не е планирана хируршка интервенција. Се третира со медикаментозна терапија и е под постојан лекарски надзор“, изјави проф. д-р Костовски за Скопје 1.
Засега нема официјални информации за тоа колку долго ќе остане на болничко лекување и дали неговата здравствена состојба ќе влијае на неговите активности како претседател на Собранието.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа